Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во ноември 2012 година изнесува 34,756, а бројот на ноќевањата изнесува 80 580.
Бројот на туристите во ноември 2012 година, во однос на ноември 2011 година, е зголемен за 5.9%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 11.4%.
Бројот на домашните туристи во ноември 2012 година, во однос на ноември 2011 година, е зголемен за 21.4%, а бројот на странските туристи е намален за 2.7%.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во ноември 2012 година, во однос на ноември 2011 година, е зголемен за 17.5%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 6.3%.
Во периодот јануари-ноември 2012 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 2.9% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 2.2%, а кај странските зголемување за 7.8%.
Во периодот јануари-ноември 2012 година, во однос на истиот период од претходната година, бројотна ноќевањата е намален за 1.0% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 5.6%, а кај странските зголемување за 7.7%.