6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Кнезовите“ бараат натпреварот да се одигра во сабота

„Кнезовите“ бараат натпреварот да се одигра во сабота

Фудбалскиот клуб Монако, побара првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите против Борусија во Дортмунд, да биде одложен и да се одигра в сабота. Дуелот на двата тима, на програмата беше во вторникот, но поради терористичкиот напад врз автобусот во кој беа фудбалерите на Борусија, УЕФА реши натпреварот да биде одложен и тој да се одигра денеска од 18:45 часот.

Фудбалерот на Борусија Марк Бартра беше повреден во бомбашкиот напад на клупскиот автобус. Шпанскиот репрезентативец веднаш е опериран, поради сршеница на подлактицата и расекотините на десната дланка.

Германската поиција работи на расветлување на случајот и најави дека ќе стори се што е во нејзина моќ, натпреварот во среда да мине без проблеми.

Од друга страна во Монако веруваат дека најдобро би било натпрвеварот да биде одложен и да се одигра в сабота.

Директорот на клубот Бруно Скопета го поднел барањето до УЕФА, која во најкусо време треба испрати одговор.

Барањето на клубот натпреварот да биде одложен за уште неколку дена го поддржал и принцот Алберт II.

„Спортот не треба да биде заложник на лудаци. Не постојат зборови со кои би можеле да се опишат тие луѓе, додека чекаме да ги дознаеме вистинските мотиви за нападот. Можеби е најдобро натпреварот да не се игра во среда. Најдобро и најлесно е да се одложи натпреварот. Што и да се случи мислам дека треба да го поместиме распоредот на натпреварите во француското првенство“, рекол принцот Алберт II.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП