6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФудбалерот на Борусија Дортмунд, Бартра се здобил со фрактура, нападот поврзан со...

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Бартра се здобил со фрактура, нападот поврзан со исламистички екстремисти

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Марк Бартра, кој беше повреден во нападот врз клупскиот автобус бил опериран во болницата во Дортмунд.

Клупскиот автобус на Борусија беше цел на напад, во вторникот вечерта, во моментот додека ги превезувал фудбалерите од хотелот до стадионот, каде екипата требаше да го одигра првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите против Монако.

Во експлозијата дефанзивецот Бартра се здобил со посекотини на дланката и со фрактура на подлактицата, поради што итно бил опериран.

Германската полиција соопшти дека имало три експлозии и дека експлозивните направи биле поставени во грмушките покрај патот.

Германската полиција истражува можна исламистичка поврзаност со бомбашкиот напад врз автобусот на фудбалскиот тим Борусија Дортмунд, пренесуваат германските медиуми.

Во близина на местото на нападот е пронајдено писмо во кое е опишан нападот на божиќниот панаѓур во Берлин како и воените оперции во Сирија.

Се уште не јасно дали писмото е оригинално, односно се истражува неговата веродостојност.

Германскиот весник “Зидојче цајтунг“ пренесува делови од писмото, кое почнува со фразата “Во името на Алах“, а потоа споменува употреба на германски авиони “Торнадо“ со коалициските сили кои се борат против Исламска држава. Весникот предупредува дека можно е напаѓачите да го користат писмото за да си поиграат со властите, додека се врши анализата на писмото од страна на експерти.

Според други германски медиуми пак, зад нападот стои антифашистичка група, како и дека во игра е и друго писмо, објавено на антифашистичкиот портал, според кое нападот бил мотивиран од наводната толеранција на клубот за расисти и десничарски фанови.

Натпреварот помеѓу Борусија и Монако ќе се одигра вечерва со почеток во 18:45 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП