20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКуманово убедливо поразен во првиот финален натпревар од Библ лигата

Куманово убедливо поразен во првиот финален натпревар од Библ лигата

Кошаркрите на Куманово забелажаа тежок пораз во Стара Загора, од Берое 84:55, во првиот финален натпревар во Балканската лига, БИБЛ.

Фаворитот Бероа ги стави рацете на пехарот наменет за освојувачот на БИБЛ лигата, откако стекнаа предност од 29 поени, по првиот натпревар од финалето, против Куманово.

Кошаркарите на Марјан Србиновски, во ниту еден момент не можеа да му парираат на домашниот тим, во раната фаза на натпреварот имаа двоцифрен минус, а на полувремето Берое водеше 46:25.

Домашниот тим во вториот дел со мирна и рутинирана игра не само што ја сочува предноста, туку и ја зголеми, пред реваншот за седум дена во Куманово.

Караџовски и Живановиќ со 14, односно 13 поени беа најефикасните играчи на Куманово, додека домаќинот го предводеше Американецот Гибсон со 25 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП