20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГризман добива нов договор и поголема плата

Гризман добива нов договор и поголема плата

Атлетико Мадрид нема намера да остане без својот најдобар фудбалер Антоан Гризман, па започна преговори со францускиот репрезентативец за нов договор, објавија британските медиуми.

Имено, тренерот на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо веќе неколку пати рече дека доведувањето нa Гризман му е приоритет во претстојниот летен преоден рок. Откупната клаузула во неговиот договор изнесува 100 милиони евра и во Атлетико се свесни дека тоа нема да биде проблем за Манчестер Јунајтед.

Затоа Атлетико Мадрид е подготвен на Гризман да му понуди нов договор според кој сегашната годишна плата од седум милиони евра би му пораснала на 10.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП