Клаудио Раниери, поранешен тренер на Лестер, тврди дека луѓе од клубот работеле на негова смена, но дека тоа не е поврзано со фудбалерите. „Не верувам дека ме „убија“ моите играчи“, рекол Раниери за Скај спорт.
Клаудио Раниери минатата сезона направи сензација со Лестер, кога ја освои Премиерлигата, но девет месеци по големиот успех, поради лошите резултати тој доби отказ.
Италијанецот доби отказ во февруари, на кормилото го наследи неговиот помошник Крег Шекспир, кој забележа пет победи во низа, во Премиерлигата и ја мина Севилја во осминафиналето во Лигата на шампионите.
„Не верувам дека ме „убија“ моуте играчи. Не, не, не. Можеби тоа го направил некој кој стоел позади мене. Имав мал проблем минатата сезона и сепак ја освоивме титулата. Можеби, оваа сеозна, кога зачестија поразите, тие луѓе започнаа да притискаат посилно“, рекол Раниер за Скај спорт.
Италијанецот рекол дека за отказот дознал по натпреварот со Севилја (2:1) во осминафиналето во Лигата на шампионите.
„Мислев дека тој натпревар ќе биде пресвртица. Кога се враќавме дома од тој натпревар дознав дека ќе добијам отказ. Тоа за мене беше вистински шок, како и за многу луѓе“, дополнил Раниери.