9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНесторовски и Трајковски добија нов тренер

Несторовски и Трајковски добија нов тренер

Македонските репрезентативци во Палермо, Илија Несторовски и Александар Трајковски, повторно добија нов тренер, откако клубот го смени Уругваецот Диего Лопез.

Новиот претседател на клубот, Пол Бакалини, незадоволен од резултатите на Палермо реши да му врачи отказ на тренерот Диего Лопез и на неговото место да го назначи Диего Бертолучи, кој беше тренер во младинската школа на клубот.

Бертолучи е петтиот тренер од почетокот на сезоната во тимот од Сицилија, по Роберто де Зерби, Давиде Балардини, Еугенио Корини и Диего Лопез.

Палермо се наоѓа на претпоследното место на табелата во Серија со само 15 бодови, со теоретски шанси да опстане во најсилната италијанска лига.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП