3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLVMH забележа најдобар раст на продажбата за кварталот по шест години

LVMH забележа најдобар раст на продажбата за кварталот по шест години

Лидерот во луксузната стока „LVMH“ објави продажба доста над прогнозите што е најдобар сигнал за обновување на побарувачката во индустријата, соопштува „Bloomberg“.

Акциите на компанијата поскапеа за 2,9% до 213,50 евра во утринската трговија во Европа, што е најголемиот раст во текот на денот од над месец и најголемото покачување на индексот „САС 40“ досега.

Податоците презентирани по затворањето на пазарот во понеделникот, покажуваат раст на органските приходи за првиот квартал од 13% во однос на прогнозата за 8%. Сите единици ги надминуваат оценките, а особено силните резултати на модниот оддел и одделот за пијалаци. Презентацијата покажува дека „LVMH“ станува силен лидер во индустријата, кој минува низ пресврт по неколку години на помала побарувачка во Кина и забавување на патувањето до Европа.

„Како лидер во секторот, доброто претставување на „LVMH“ би требало да го поддржи луксузниот сегмент“, пишува Рогерио Фуџимори, аналитичар во „RBC Европа“.

Продажбата во кварталот на „LVMH“ се зголемила за 15% до 9,88 милијарди евра. Аналитичарите очекуваа 9,5 милијарди евра, покажува прогноза на 17-те аналитичари. Растот е најголемиот од пред шест години, покажуваат податоците собрани од „Bloomberg“.

Презентацијата е дополнително зајакната од споредбата во однос на период од минатата година кога индустријата се бореше со последиците од терористичките напади во Париз. Компанијата изјави дека слични нивоа на раст не би требало да се очекуваат за целата година.

Сопственикот на чантите „Louis Vuitton“ и италијанскиот производител на ткаенини „Loro Piana“ е поддржан од единицата за модни и кожни стоки, каде органската продажба се зголеми за 15% во текот на кварталот наспроти оценка од 9% на 16-те аналитичари анкетирани од „Bloomberg“.

Приходите во клучната единица која генерира над половина од профитот од 7 милијарди евра во минатата година, остануваат без промена во однос на истиот квартал од 2016-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП