22 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАргентинскиот селектор Едгардо Бауза доби отказ

Аргентинскиот селектор Едгардо Бауза доби отказ

Аргентинскиот селектор Едгардо Бауза доби отказ на функцијата поради лошите резултати во квалификациите за пласман на Светското првенство.

Едгардо Бауза, како селектор на Аргентина, забележа само три победи на последните осум натпревари, поради што Аргентина се наоѓа во незавидна положба на табелата за пласмна на Мундијалот во Русија.

Отказот на Бауза доаѓа по поразот од Боливија (2:0) минатиот месец. Едгардо Бауза на селекторската функција се задржа само осум месеци.

Аргентинските медиуми потенцираат дека челниците на Федерацијата за нов селектор ќе избираат помеѓу Хорхе Сампаоли и Диего Чоло Симеоне, актуелните тренери на Севилја, односно Атлетико Мадрид.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП