3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМексико, САД и Канада подготвуваат заедничка организација на Мундијалот во 2026

Мексико, САД и Канада подготвуваат заедничка организација на Мундијалот во 2026

Мексико, САД и Канада подготвуваат заедничка кандидатура за организација на Светското првенство во фудбал во 2026 година, објавија националните федерации од регионот на Средна и Северна Америка.

Според континенталната ротација на ФИФА, Мундијалот во 2026 година би требало да се одржи во овој регион, бидејќи последен пат во Северна Америка, Светското првенство се одржа во 1994 година во САД.

Доколку кандидатурата биде прифатена тоа ќе биде прв пат три држави да го организираат Мундијалот, кој во 2026 ќе биде историски, бидејќи ќе биде првиот на кој ќе учествуваат 48 репрезентации.

Официјалниот процес за поднесување на кандидатурите започнува кон крајот на 2017 година.

Инаку до Мундијалот во 2026 година, ќе се одиграат светските првенства во Русија (2018) и Катар (2022).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП