12 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСосиедад без проблеми го совлада Спортинг Хихон

Сосиедад без проблеми го совлада Спортинг Хихон

Реал Сосиедад, во Сан Себастијан, славеше над Спортинг Хихон 3:1 во последниот натпревар од 31.коло во Примера. Реал Сосиедад ја прекина серијата од четири натпревари без победа и го задржа чекорот со Виљареал во борбата за пласман во Лига Европа.

Реал Сосиедад на „Аноета“ прашањето околу победникот го реши во првите половина час кога најпрвин Вилијам Жозе, а потоа и Хуанми го совладаа голманот на Спортинг.

Во вториот дел, во 77.минута Берчиче ја потврди победата на Реал Сосиедад, а три минути пред крајот Елдерсон го постигна почесниот гол за Спортинг.

Реал Сосиедад ја задржа шестата позиција на табелата со 52 бода, два помалку од петтопласираниот Виљареал. Спортинг остана во опасната зона со 22 бода, пет помалку од Леганес, кој е во безбедната зона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП