17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАБА лига: Црвена Звезда поведе со 1-0 против Цедевита во финалето

АБА лига: Црвена Звезда поведе со 1-0 против Цедевита во финалето

Црвена звезда ја забележа првата победа во финалната серија, во АБА лигата, откако во понеделникот славеше во дуелот со Цедевита 81:66.

Почетокот на натпрварот во целост и припадна на Цедевита, која во првата четвртина создаде предност од 15 поени (8:23), а по првите 10 минути играчите од Загреб водеа 16:27.

Вториот период започна со поени на Цедевита, но тогаш Црвена звезда го засили ритамот во одбраната, одговори со серија 17:1 и на полувреме замина со минимална предност 45:44.

Цврстата игра во дефанзивата му овозможи на домаќинот, во третиот период да создаде двоцифрена предност. Цедевита во првите седум минути од третата четвртина постигна само три поени.

Играчите на хрватскиот шампион се обидоа во последниот период да се вратат во мечот, се доближија на негатива од седум поени, но повторно добрата игра во одбраната и индивидуалните акции на Американците Џенкинс и Волтерс, ја оддалечија Црвена звезда на двоцифрена разлика.

Џенкинс ја предводеше Црвена звезда со 20 поени (4/6 за три),а двоцифрен ефект имаа уште и Кузмиќ (14 поени, 5 скокови), Волтерс (14 поени, 6 асистенции) и Бјелица (13 поени).

Томас беше најефикасен кај Цедевита со 14 поени, по 12 постигнаа Билан и Џејмс, но Билан 10 поени постигна во првата четвртина, а Џејс шест во последните 90 секунди кога победникот беше решен.

Вториот натпревар од финалната серија се игра во вторник, а домаќин повторно е Црвена звезда.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП