9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМожна суспензија за Роналдо и Нејмар поради неспортско однeсување (видео)

Можна суспензија за Роналдо и Нејмар поради неспортско однeсување (видео)

Ѕвездите на Реал Мадрид и Барселона, Кристијано Роналдо и Нејмар, поради неспортско однесување, би можеле да го пропуштат најголемото дерби на шпанскиот фудбал. Двајцата неспортски се однесуваа кон главните судии на натпреварите Реал-Атлетико и Малага-Барселона.

Кристијано Роналдо исфрустриран од резултатот 1:1 во дербито против Атлетико, во финишот на натпреварот влезе во вербален дуел со судијата Де Бургос, кој наместо корнер за Реал топката му ја додели на Атлетико.

Каталонските медиуми го издвоија овој случај, потсетувајќи дека Меси поради сличен инцидент во дресот на Аргентина, доби суспензија од четири натпревари.

Нејмар, во поразот на Барселона од Малага 2:0, доби црвен картон во 65.минута од натпреварот. Бразилецот, во моментот кога го напушташе теренот, иронично ракоплескаше кон четвртиот судија Дијего Љоренте.

Доколку дисциплинците во Фудбалскиот сојуз на Шпанија проценат дека двајцата фудбалери неспортски се однесувале кон судиите, тогаш според правилникот предвидена казна е суспензија на два или три натпревари.

Големото шпанско дерби Реал-Барселона ќе се одигра на 23.април.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП