16 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТони Адамс е нов тренер на Гранада

Тони Адамс е нов тренер на Гранада

Томи Адамс, легендарниот капитен на Арсенал, во понеделникот е назначен за нов тренер на шпанскиот прволигаш Гранада.

Гранада, претпоследниот тим на табелата во Примера, по неделниот пораз од Валенсија (1:3), му врачи отказ на тренерот Лукас Алкарас, а на неговото место го донесе Тони Адамс.

Адамс е легенда на Арсенал, во овој клуб ја мина својата 19-годишна кариера и долгогодишен англиски репрезентативец.

Пред некогашниот дефанзивец е речиси невозможна мисија, со Гранада да избори опстанок во Примера.

Тони Адамс е поранешен тренер на Викомб, Портсмут и Габала (Азербејџан), но без тренерски ангажман е од 2011 година.

Англичанецот ќе дебитира како тренер на Гранда в недела на натпреварот со Селта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП