19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДиего Коста заминува во Кина?

Диего Коста заминува во Кина?

Напаѓачот на Челзи, Диего Коста, повторно се поврзува со трансфер во Кина. Бразилецот со шпански пасош, според англиските медиуми, бил незадоволен од начинот на животот во Лондон.

Кинескиот клуб Тјанџин, во зимскиот преоден рок, на Диего Коста му понуди неделна плата од 700.000 евра, но Челзи ја одби понудата.

Кинезите ќе се обидат во летниот преоден рок да го искористат незадоволство на Коста од начинот на животот во Лондон и да го убедат шпанскиот репрезентативец да се пресели на Далечниот исток.

„Среќен сум во Челзи, но тоа не можам да го кажам за животот во Лондон. Тоa се различни работи, немаат врска една со друга. Челзи ми даде многу, играм во тим кој победува и тоа ме мотивира, но ќе видиме каква ќе биде мојата иднина“, рекол Диего Коста.

Диего Коста е водечки стрелец во тимот на Челзи со 17 голови, а доколку замине од „Стенфорд Бриџ“, како негови замени се потенцираат Ромелу Лукаку од Евертон и Алексис Санчез од Арсенал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП