27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБетис му врачи отказ на тренерот Жан Табак

Бетис му врачи отказ на тренерот Жан Табак

Кошаркарскиот клуб Бетис од Севилја, чиj дрес го носи македонскиот репрезентативец Војдан Стојановски, му врачи отказ на тренерот Жан Табак, поради серијата на лоши резултати.

Девет месеци по назначувањето на Жан Табак за тренер на Бетис, раководството на клубот му врачи отказ на хрватскиот тренер. Серијата на лоши резултати го донесоа Бетис на едно место од зоната за испаѓање.

Бетис, во саботата, загуби на домашен терен од Билбао 73:85. Тимот од Севилја на домашен терен не победил од 8.јануари, кога ја совлада Уникафа,а на последните 11 натпревари ја победил само Фуенлабрада.

Екипата на Бетис се наоѓа на 15-то место на табелата. Во наредното коло Бетис ќе му гостува на Реал во Мадрид, а не е познато кој ќе го предводи тимот на овој натпревар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП