Иако дебито на трите брендирани телефони на „Nokia“ се очекува во следните недели, симпатизерите со нетрпение очекуваат да видат каков ќе биде новиот водечки модел.
Во овој момент „Nokia“ не го претстви најмоќниот модел, што многумина го оценија со мудрата одлука затоа што големите компании како што се „LG“, „Samsung“ и „HTC“ веќе ги претставуваат своите премиум телефони за оваа година.
Меѓутоа, „HMD“ навистина планира да се натпреварува со „Samsung Galaxy S8“, „LG G6“ и „HTC U Ultra“ телефони, но не и во овој момент. Според најновиот извештај, „Nokia 9“ ќе биде претставена на крајот на јули или почетокот на август, иако нема да биде достапна во продажба до крајот на третиот квартал или дури и подоцна.
Истиот извештај тврди дека „Nokia 9“ ќе биде понудена ширум светот, со веројатно различни цени на различни пазари. На пример, овој телефон би можел да чини 700 долари во САД, но во Европа ќе чини 750 евра. Причината поради која „Nokia 9“ би можел да пристигне така доцна на пазарот, е проблемот со набавката на чипесетот „Snapdragon 835“.