2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХумелс го пропушта дуелот со Реал

Хумелс го пропушта дуелот со Реал

Баерн Минхен, без дефанзивецот Mатс Хумелс, ќе му се спротивстави на Реал, во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите. Хумелс, во неделата, на тренингот го повредил скочниот зглоб.

Минхенски Баерн, викендов убедливо ја порази Борусија Дортмунд (4:1), во бундеслигашкото дерби, практично го реши првенството и може да се насочи кон Лигата на шампионите.

Баерн, во првиот четвртфинален натпревар ќе го пречека Реал. Натпреварот ќе се одигра во среда, во Минхен.

Германскиот првак за дуелот со Реал немa да може да смета на Матс Хумелс, кој се повреди во неделата.

Инаку, проблеми во дефанзивата има и Реал, Варан веќе две недели е повреден, а Пепе се повреди во саботата на дербито со Атлетико.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП