Ракометарот на Вардар, Жоан Канељас е прогласен за МВП на заврниот турнир во СЕХА лигата, кој во неделата заврши во Брест, Белорусија. Вардар, во Брест, ја освои третата титула во СЕХА конкуренцијата, а покрај Канељас, уште тројца играчи на македонскиот првак се избрани во идеалниот тим на завршниот турнир.
Жоан Канељас, искусниот шпански ракометар е избран за најкорисен играч на завршниот турнир во СЕХА лигата. Шпанецот, во финалето, во кое Вардар со 26:21 го победи Веспрем, постигна пет гола.
Покрај Канељас, во идеалниот тим на завршниот турнир од редовите на Вардар се избрани Дибиров, Чупиќ и Борозан.