18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТурските репрезентативци доминираа на ИКАС 2017

Турските репрезентативци доминираа на ИКАС 2017

Турските репрезентативци доминираа на 49-от Илинеднски кајак слалом „ИКАС 2017“, кој се одржа на Матка.

По полуфиналните и финалните натпревари во сите категории ((K-1 мажи и жени, Ц-1 и Ц-2 жени).

Мустафа Арда Ачар од Турција, победи во дисциплината К-1 со време 108.80 секунди, пред Гркот Панајотис Зисекас (111.00 секунди), додека на третото место беше неговиот брат Анил Ачар. Најдобар Македонец во оваа дисциплина беше Љубомир Спасиќ кој го освои четвртото место.

Во женска конкуренција во дисциплината К-1, двојна победа забележаа турските репрезентативки, првото место го освои Седа Нур, пред Гамзе Полта, а третото место го освои Украинката Олена Никодовски.

Во категоријата Ц1 кво машка конкуренција победи Хрватот Антонио Мариниќ пред Србинот Горан Јовановиќ и Турчинот Мурат Читчи, а Роберт Папазов заврши на четвртата позиција. Во оваа категорија во женска конкуренција првото место го освои Кадер Коркмаз од Турција.

На 49-то издание на ИАКС учествуваа над 100 кајакари од 13 земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП