3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДоминација на Јамаха во Аргентина, Вињалес прв, Роси втор

Доминација на Јамаха во Аргентина, Вињалес прв, Роси втор

Шпанскиот мотоциклист Маверик Вињалес ја оствари на втората трка во Мото ГП шампионатот, ја забележа и втората победа. Возачот на Јамаха победи на ГН на Аргентина, пред клупскиот колега од Јамаха и Кал Крачлоу на ЛЦР Хонда. Актуелниот светски првак Марк Маркез не ја заврши трката.

Јамаха победи на трката за ГН на Аргентина и по две трки има убава предност пред конкурентите. Втората победа од стартот на сезоната ја забележа 22-годишниот Шпанец, Маверик Вињалес, додека легендарниот Валентино Роси својата 350-та трка во кариерата, ја заврши на второто место. Победничкиот пиедестал го комплетираше Кал Крачлоу.

Вињалес е првиот возач на Јамаха кој победил на првите две трки во сезоната, по пауза од три децении.

Актуелниот светски првак Марк Маркез, кој стартуваше од пол позицијата, не ја заврши трката, а лошиот ден на Репсол Хонда го надополни Дани Педроса кој исто така заврши надвор од патеката. Без бодови остана и светскиот првак од пред две години Хорхе Лоренцо.

Одлични резултати на патеката „Термас де Рио Хондо“ забележаа Алваро Баутиста кој го освои четвртото место, односно Јохан Зарко и Јонас Фолгер кои завршија на петтата и шесттата позиција.

По дв трки Вињалес е лидер со максимални 50 бодови, а Роси е втор со 36, додека по две трки Маркез има 13, а Лоренцо само пет бода.

Наредната трка на програмата е на 23.април во Остин, САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП