6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕвертон го запре Лестер после два пресврти

Евертон го запре Лестер после два пресврти

Евертон стави крај на серијата од пет победи во која се наоѓаа фудбалерите на Лестер, откако во претпоследниот натпревар од 31.коло во Премиерлигата, триумфираа 4:2. Колото, в понеделник, ќе го комплетираат Барнли и Арсенал.

Брлијантно прво полувреме, со пет постигнати гола, одиграа Евртон и Лестер на „Гудисон парк“. Мечот започна со голот на Дејвис во првата минута, а Лестер во наредните девет минути со головите на Слимани и Олбрајтон направи пресврт.

Евертон до крајот на полувремето одоговори со иста мерка, најпрвин во 23.минута израмни на 2:2 Лукаку, а потоа капитенот Џјагелка во 43.минута постигна гол за 3:2

Конечниот резултат и победата на Евртон ја завери Лукаку во 57.минута со својот втор гол. Белгиецот со 23 гола е водечки стрелец во Премиерлигата.

Евертон е седми на табелата со 54 бодови, три помалку од Манчестер Јунајтед кој се наоѓа на позицијата број пет, која обезбедува место во Лига Европа, додека Лестер ја прекина низата од пет победи и со 36 боодви се наоѓа во групата на тимови кои се распоредени од 11-то до 14-то место.

Победа во ова коло забележа и Манчестер Јунајтед. тимот на Жозе Мурињо победи во Сандерленд 3:0. Јунајтед победи по пауза од четири натпревари, а стрелци на головите беа Ибрахимовиќ, Мхитаријан и Рашфорд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП