Вардар по 26.коло во Правта македонска фудбалска лига направи уште еден чекор кон одбрана на титулата, откако лесно славеше над Пелистер 3:1, а во исто време во Шкендија одигра 1:1 против Ренова. Вардар во финишот на сезоната влегува со 11 бодови повеќе од Шкендија.
Бранителот на титулата и лидерот во првенството Вардар за едно полувреме го реши натпреварот со Пелистер. „Црвено-црните“, по првото полувреме обезбедија предност од 3:0, со головите на Балотели во 12-та, Сировски во 41-та и Барсегјан во 44-та минута. Конечните 3:1 ги постави во 68-та минута Ковачев од пенал. Пелистер натпреварот го заврши со играч помалку, откако во 77-та минута црвен картон доби Маркоски.
Шкендија и Ренова одиграа без победник 1:1 во тетовското дерби. Шкендија се спасуваше од пораз бидејќи Велинов во 75-та минута погоди за водство на Реногва, а конечните 1:1 ги постави Ибраими осум минути подоцна.
Дербито на дното и припадна на Брегалнца која со голот на Георгиев ја совлада Македонија ЃП. Без голови заврши натпреварот помеѓу Победа и Работнички.
Шкупи против Силекс славеше со 3:1 со головите на Адем, Мбела и Шабани, а единствен стрелец за Силекс беше Каланоски.
Резултати, 26.коло:
Брегалница-Македонија ЃП 1:0
Варедар-Пелистер 3:1
Шкупи-Силекс 3:1
Победа-Работнички 0:0
Шкендија-Ренова 1:1
Табела: 1. Вардар 62, 2. Шкендија 51, 3. Работнички 43, 4. Пелистер 37, 5.Силекс 35, 6. Ренова 32, 7. Шкупи 28, 8. Победа 23, 9. Брегалница 19, 10. Македонија ЃП 17.