19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХамилтон ја освои пол позицијата во Кина

Хамилтон ја освои пол позицијата во Кина

Британскиот возач Луис Хамилтон ја освои пол позицијата, во пресрет на трката за Големата награда на Кина, која в недела ќе се вози во Шангај.

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, оствари најбрзо време во квалификациите на патеката во Шангај и ја освои 63-та пол позиција во кариерата. Времето на Хамилтон со кое стигна до првата позиција на стартот изнесуваше 1:31.678 минути.

Веднаш до Британецот, трката од првиот стартен ред ќе ја започне Себастијан Фетел на Ферари. Германецот, кој победи пред две недели во Австралија, за 188 стотинки имаше послаб резултат од Хамилтон.

Фетел беше побрз за еден илјадити дел од секундата од вториот возач на Мерцедес, Валтери Ботас, кој ја освои третата позиција, а заедно со него од вториот ред ќе стартува Кими Раиконен.

Меѓу првите десет на утрешниот старт ќе бидат уште Даниел Рикардо, Фелипе Маса, Нико Хулкенберг, Серхио Перез, Данил Квјат и Ленс Строл.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП