28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарса дава 40 милиони за Давид Луис

Барса дава 40 милиони за Давид Луис

ay99842975file-photo-dated-e1355929228645

Барселона е подготвена да му понуди 40 милиони фунти на Челзи за бразилскиот репрезентативец Давид Луис. Каталонците и претходно покажуваа интерес за 26-годишниот дефанзивец, но за прв пат се спремни да испратат понуда за поранешниот играч на Бенфика.

По елиминацијата во полуфиналето од Лигата на шампионите од Баерн Минхен во Барселона подготвуваат промени во составот во текот на летото. Давид Луис е меѓу главните опции за засилување на одбраната.

Бразилецот стана миленик на навивачите на Челзи по пристигнувањето на „Стемфорд Бриџ“ во текот на зимата на 2011-та година и веќе има 102 натпревари за „сините“ од Лондон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП