Овен (21.03 – 20.04)
Ве мачи проблематичниот однос со саканото лице. Започнувате да размислувате за заминување, но не сте сигурни дали тоа ќе биде трајно или моментално решение. Доколку бидете искрени сериозниот разговор ќе реши се.
Бик (21.04 – 21.05)
Ќе имате прилика да отпатувате, но не далеку од местото каде што живеете. Низата на разговори во кои ќе учествувате ќе завршат успешно. Вашите финансии ќе се подобрат.
Близнаци (22.05 – 22.06)
За да го постигнете тоа што го сакате, неопходно е да побарате помош од некого. Нема потреба да ви биде непријатно, едноставно побарајте помош. Со партнерот викендов ќе поминувате низ потешки ситуации.
Рак (22.06 – 22.07)
Ќе бидете опкружени со многу луѓе. Бучавата и гужвата ќе ви пречат па ќе сакате да се сокриете. Не бегајте од луѓето и дружбите, понекогаш е добро да си дозволите долги и релаксирачки муабети со повеќе лица.
Лав (23.07 – 22.08)
Ве привлекува некое лице кое не е слободно. Иако ви се чини дека тоа е идеалното лице за вас, размислете уште еднаш бидејќи можеби грешите. Своето романтично расположение насочете го кон нешто попрактично.
Девица (23.08 – 22.09)
Не си создавајте проблеми со кажувањето на глас на се и сешто. Ќе ве измачуваат некои долгови. Но не кревајте паника, како и досега така и понатаму, ќе се снајдете да излезете на крај со нив.
Вага (23.09 – 22.10)
Имате многу планови и очекувате набрзо некој од нив да го реализирате. Викендов не е поволен за големи залагања, затоа сето тоа одложете го за наредната недела. Викендов главна преокупација нека ви биде релаксацијата.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Успешни сте во тоа што го работите, но појавата на некои проблеми ве обесхрабрила. Немојте да се нервирате, побарајте совет од домашните. Искористете го викендот за прошетки и средување на мислите.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Без оглед на се што сте планирале, бидете подготвени да ги одложите повеќето активности. Сте ги прецениле своите можности и нема да можете да постигнете се. Викендов одморете, од понеделник со нови сили напред.
Јарец (22.12 – 20.01)
Ве мачат некои нерасчистени односи со пријателите кои одамна ги познавате. Не знаете како да го кажете тоа, а да не бидете погрешно сфатени. Најдобро би било да заброавите што се случувало, не бидете злопамтило.
Водолија (21.01 – 19.02)
Сите очи ќе бидат вперени во вас, ќе бидете опкружени со многу луѓе, кои ќе бидат привлечени од вашта позитивна енергија и ќе го следат секој ваш потег. Но, без грижа сепак тие луѓе се вашите пријатели и познаници со кои ќе поминете уште еден убав викенд заедно.
Риби (20.02 – 20.03)
Пред вас се неколку состаноци и разговори кои треба да ги обавите. Отворено спротивставете им се на лицата за кои мислите дека манипулираат со вас. Немојте да премолчувате, така само ќе се докомплицираат работите.