22 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСЕХА Ф4: Веспрем обезбеди пласман во финалето

СЕХА Ф4: Веспрем обезбеди пласман во финалето

Веспрем ќе игра во финалето во СЕХА лигата против Вардар, откако во драматичното полуфинале, по изведувањето на седмерци, го победи домаќинот Мешков Брест. Натпреварот во регуларниот дел заврши со резултат 29:29, по изведувањето на седмерците беше 33:31.

Бранителот на титулата Веспрем го преживеа полуфиналето на завршниот турнир во СЕХА лигата, го издржа притисокот на домаќинот Мешков Брест и во недела против Вардар ќе се бори за титулата.

Драматичен и неизвесен дуел одиграа двата тима од првата до последната минута. Веспрем, во првото полувреме, одржуваше предност од два гола, која Мешков успеа да ја израмни во завршницата на полувремето (14:14).

Мешков Брест, во вториот дел беше тимот кој го диктираше ритамот, три пати домаќините имаа три гола предност (15:18, 17:20, 18:21). Веспрем најпрвин израмни со серија 4:1, а во 48.минута го врати водството (23:22).

До крајот на натпреварот Веспрем беше тимот кој ја одржуваше минималната предност, на 30 секунди до крајот Унгарците имаа напад за +2, но Палмарсон направи грешка, а во последните 15 секунди Мешков не успеа да организара напад.

Натпреварот заврши 29:29, а во пенал серијата голманите му ја донесоа победата на Веспрем, најпрвин Алиловиќ го одбрани ударот на Бабичев, а потоа Миклер беше поуспешен од Кристопанс.

Финалниот меч во СЕХА лигата ќе се одигра в недела со почеток во 19 часот, откако претходно од 16:30 ќе се одигра натпреварот за третото место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП