19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГН на Малезија ќе се вози за последен пат

ГН на Малезија ќе се вози за последен пат

Траката за Големата награда на Малезија во првенството на Формула 1, годинава последен пат ќе се вози во оваа земја, рекол премиерот на државата Наџиб Разак. Малезија во календарот на Формула 1 влезе во 1999 година.

„Организирањето на трка од шампионатот на Формула 1 придонесе нашата земја да стане дестинација на спортот и туризмот. Сепак, проценивме дека организирањето на трката повеќе не е исплатливо, поради високите трошоци и драстичниот пад на продажбата на влезниците“, рекол премиеро на Малезија, Разак.

Малезија во далечната 1999 година беше единствената држава од Азија, покрај Јапонија, каде се возеше Формула 1. Во меѓувреме се појавија и трките во Кина, Сингапур, Бахреин и Обединетите Арапски Емирати.

„Секогаш е тажно кога треба да се збогуваме со член на семејството на Формула 1“, рекол Шон Берчерс, еден од директорите на Формула 1.

Повлекувањето на Малезија се поклопува со плановите на новите сопственици, Формула 1, да го зголеми своето присуство на пазарот во Северна Америка, континет кој е примарен за овој спорт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП