4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВиљареал го совлада Атлетик Билбао (видео)

Виљареал го совлада Атлетик Билбао (видео)

Виљареал го победи Атлетик Билбао со 3:1 во натпревар кој го отвори 31.коло во Примера.

Виљареал со два гола во второто полувреме славеше против конкурентот за едно од местата кои носат излез во европските купови, во наредната сезона. „Жолтата подморница“, на петтата позиција има четири бода повеќе од Атлетик Билбао.

Домашниот тим до предност 1:0 дојде со голот на Виктор Руиз во 17.минута, но само три минути подоцна израмни Лапорт.

По две минути игра во вториот дел Бакамбу, по соло акција повторно ја врати предноста на Виљареал, која во 58.минута ја потврди Адријан Лопез.

Виљареал натпреварот го заврши со фудбалер помалку бидејќи стрелецот на првиот гол Виктор Руиз доби директен црвен картон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП