5 мај, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОДејвис куп: Нашите тенисери победија и против Исланд

Дејвис куп: Нашите тенисери победија и против Исланд

Деjвис куп репрезентацијата на Македонија, на турнирот во Созопол, Бугарија, во рамките на Третата евро-африканска зона, по првите две кола има исто толку победи.

Противник на македoнската репрезентација, во првото коло беше Малта. Овој меч, поради дождот се играше во три дена и Македонија славеше со 2:1.

Во второто коло, кое се одигра денеска, Македонија со максимални 3:0 го совлада Исланд.

Првите два поени за Макеоднија со сингл ги освоија Димитар Грабул и Томислав Јотовски, а третиот поен го донесе дублот Шендрит Деари и Горазд Србљак.

Во петок, ќе биде одиграно и третото коло, а Македонија за противник ќе ја има Молдавија, која исто така има две победи по првите две кола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП