13 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДоменико Берарди се сели во Интер

Доменико Берарди се сели во Интер

Интер и Саусоло го договриле трансферот на Доменико Берарди (22). Крилниот напаѓач, кој ги минал сите младински категории во италијанската репрезентација, во Интер ќе пристигне за сума од 40 милиони евра.

Доменико Берарди по завршувањето на сезоната ќе го напушти Саусоло и ќе стане нов фудбалер на Интер. Италијанските медиуми пишуваат дека доаѓањето на Берарди значи дека Иван Перишиќ ќе замине од Интер. За Хрватот, Манчестер Јунајтед нуди 50 милиони евра.

Во италијанската јавност трансферот на Берари се коментира и оставрување на ветувањето дадено од кинеските сопственици, дека во реновирање на тимот ќе вложат 150 милиони евра.

Инаку, двата клуба дополнително ќе се договорат дали Интер ќе ја плати целата сума, или тимот од Милано ќе плати 30 милиони евра и на позајмица во Саусоло ќе ги испрати Џанлука Капрари и Андреа Ранокија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП