3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Кралевите“ во најсилниот состав ќе го пречекаат Атлетико

„Кралевите“ во најсилниот состав ќе го пречекаат Атлетико

Зинедин Зидан со најсилниот ќе му се спротивстави на Диего Симеоне во „Ел Мадрилењо“ дербито кое ќе се одигра во сабота на „Сантијаго Бернабеу“. Градското дерби е еден од клучните натпревари за Реал во борбата за шампионската титула.

Тренерот на Реал, Зинедин Зидан, за натпреварот со Атлетико, неможе да смета само повредениот Рафаел Варан. Останатите се здрави и одморени за градскиот дуел.

Зидан, во средата, против Леганес ги одмори Крос, Карвахал, Бензема, Бејл, Роналдо, а Модриќ играше само во последните десет минути. Од стандардните, во победата 4:2, на теренот против Леганес беа само голамнот Навас, Серхио Рамос, Каземиро и Марсело.

Повредениот Варан ќе го замени Пепе кој ќе игра заедно со Серхио Рамос во централниот дел од одбраната, а по страничните позиции ќе делуваат Карвахал и Марсело.

Во средината ќе биде тројката Каземиро, Модриќ и Крос, а нападот ќе го предводи ББЦ триото (Бејл, Бензема, Кристијано Роналдо).

„Ел Мадрилењо“ дербито се игра во сабота од 16:15 часот. Во пресрет на дербито Реал е лидер со 71 бод, десет повеќе од Атлетико кој е на третото место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП