17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВенгер убеден дека Алексис Санчез останува во Арсенал

Венгер убеден дека Алексис Санчез останува во Арсенал

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, изјавил дека Алексис Санчез има желба да остане во клубот и дека само треба да бидат договорени условите со неговиот менаџер. Чилеанец, кој во Арсенал е од 2014 година, јавно го истакнува нездадоволството од неможноста да се бори за трофеи.

Алексис Санчез, според фудбалските струњаци е единствениот играч од светска класа кој во моментов го носи дресот на Арсенал. Чилеанецот за 35 милиони евра дојде во Арсенал во 2014 година, но оваа сезона неколку пати истакна дека не го задоволуваат клупските амбиции и дека сака да замине.

Менаџерот на Арсенал, Венгер, рекол дека сака Санчез имал желба да остане во клубот, но одбил да одоговри за сосптвената иднина во клубот, во кој прв тренер е 21 година.

„Играчите мора самите да видат дали се среќни во клубот, секако дека во тоа се вклучени и финансиите“, рекол Венгер.

Според шпекулациите, Арсенал е подготвен да му понуди на Чилеанецот нов договор со неделна плата од 265.000 фунти.

Алексис Санчез сезонава е најдобриот стрелец на Арсенал со 22 постигнати гола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП