26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСЕХА Ф4: Вардар стартува против Загреб

СЕХА Ф4: Вардар стартува против Загреб

Вардар и Загреб, денеска ќе го отворат завршниот турнир во СЕХА лигата, кој се одржува во белорускиот град Брест. Во вториот меч домаќинот на завршниот турнир Мешков Брест ќе игра против бранителот на трофејот Веспрем.

Страрите ривали Вардар и Загреб, денеска од 17:30, ќе се борат за влез во финалето на завршниот турнир во регионалната СЕХА лига.

Двете екипи редовно учествуваат на завршните турнири во СЕХА конкуренцијата, македонскиот првак Вардар има освоено две, а Загреб една титула.

Во пресрет на натпреварот, од тренерите и играчите истакнаа дека меѓу тимовите нема никакви тајни, дека добро се познаваат.

Хрватите на Вардар му ја препуштија фаворитската улога. На клупата на хрватскиот шампион ќе дебитира новиот тренер Славко Голужа, кој во понеделникот го замени Ивандија.

Вардаровиот тренер, Раул Гонзалес, се надева дека Голужа немал премногу време за да смисли некоја тактичка варијанта со која би го изненадил Вардар. Тој исто така потенцираше дека доколку биде потребно ќе игра „7 на 6“ во нападот, варијанта која не функционирше во неделата кога „црвено-црните“ по три години загубија од градскиот ривал Металург.

Дуелот Вардар-Загреб започнува во 17:30 часот, додека второто полуфинале Веспрем-Мешков Брест ќе започне во 20 часот. Во недела најпрвин ќе се одигра натпреварот за трето место од 16:30 часот, а во 19 часот ќе се игра финалето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП