16 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМакедонската фудбалска репрезентација со скок од 33 места на ФИФА листата

Македонската фудбалска репрезентација со скок од 33 места на ФИФА листата

Скок од 33 места забележа фудбалската репрезентација на Македонија на најновата ранг листа на ФИФА. Подемот на репрезентацијата се должи на победите во квалификацискиот натпревар со Лихтенштајн и пријателскиот со Белорусија.

Двте идентични победи од 3:0, над Лихтенштајн и Белорусија, ја искачија фудбалската репрезентација на Македонија на 133-то место на ранг листата на ФИФа, што во однос на претходното рангирање преставува скок ов 33 места.

Од противниците со кои Македонија се наоѓа во квалификациската група за пласман на Мундијалот во Русија, најлошо рангирана е репрезентацијата на Лихтенштајн на 189-то место, а пред „цвено-жолтите“ се Албанија, која назадуваше за 12 позиции и сега е на 66-то место, потоа Израел кој назадуваше за седум места и се наоѓа на 63-то место.

Фаворитите во група, Италија и Шпанија се наоѓаат на 12-то, односно 10-то место.

Промена има и на врвот, каде по седум години се врати Бразил, пред Аргентина, Германија, Чиле, Колумбија, Франција, Белгија, Португалија и Швајцарија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП