27 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПанчев утре ќе биде назначен за спортски директор на Вардар

Панчев утре ќе биде назначен за спортски директор на Вардар

Фудбалскиот клуб Вардар, во петок, на прес конференција ќе го промовира Дарко Панчев во нов спортски директор. Ова ќе биде трет пат Панчев да има некоја од раководните функции во Вардар.

Најдобриот македонски фудбалер на 20-от век, европски и светски првак со белградска Црвена звезда, Дарко Панчев, ќе биде новиот спортски директор на фудбалскиот клуб Вардар.

Панчев, на прес конференција, која ќе се одржи во петок (11 часот), официјално ќе ја преземе функцијата. Тој трет пат се враќа во клубот на некоја од раководните позиции.

Дарко Панчев е дел од најславната генерација на Вардар, која во 1987 година ја освои титулата во првенството на СФРЈ. Дресот на Вардар го носеше од 1983 до 1988 година, за „црвено-црните“ постигна 84 голови на 154 натпревари, потоа до 1992 година одигра 91 натпревар и постигна 84 голови за белградска Црвена звезда. Со клубот од Белград ја освои европската и светската клупска титула, а беше „Златна копачка“ на Европа.

Во кариерата настапувал уште за Интер, Лајпциг, Фортуна Дизелдорф и Сион.

Има одиграно 27 натпревари за репрезентацијата на СФРЈ и шест за репрезентацијата на Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП