3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНБА: Најдобар тим во лигата е Голден Стејт (видео)

НБА: Најдобар тим во лигата е Голден Стејт (видео)

Трета година по ред екипата на Голден Стејт Вориорс е најдобриот тим во регуларниот дел од сезоната во НБА лигата. Првото место во лигата, Вориорс, го обезбедија со победата во Феникс и поразот на Сан Антонио од ЛА Лејкерс. Во исто време Кливленд со победата во Бостон се врати на челната позиција во Источната конференција.

Голден Стејт ја освои првата позивија на Западот и ја обезбеди предноста на домашниот терен низ целиот плејоф, откако победи во Аризона кај Феникс 120:111, а во исто време Сан Антонио неочекувано загуби од ЛА Лејкерс 95:102.

Стеф Кари постигна 28 поени во првото полувреме, мечот го заврши со 42 поени, 11 асистенции и 5 скока, а Голден Стејт ја забележа 13-та победа во низа.

Вориорс на овој меч играа без Дрејмонд Грин и Андре Игудала кои одмораа пред почетокот на плејофот.

Без двајцата најдобри играчи, Каваи Ленард и Ламаркус Олдриџ (одиграа по 14 минути), кои имаа лимитирана минутажа, Сан Антонио загуби од Лејкерси 95:102. Лејкерси ја прекинаа серијата од осум порази во дуелите со Спарси, а до триумфот во Тексас ги предводеше Енис со 19 поени.

Дербито во Бостон, каде гостуваше актуелниот првак Кливленд директно решаваше за првото место на Истокот. Кливленд го декласира домаќинот со 114:91, благодарение на доминантната игра на Леброн Џејмс кој имаше учинок од 36 поени, 10 скока и 6 асистенции.

Двата тима до крајот на сезоната Кливленд има една победа повеќе од Бостон и подобар меѓусебен скор, поради што е извесно дека тие ќе го освојат првото место на Истокот.

На другите натпревари: Клиперси го победија Далас 112:101, Оклахома славеше над Мемфис 103:100, а на Вестбрук му недостигаше еден скок за трип-дабл (45 поени, 10 асистенции, 9 скока), Мајами славеше во Шарлот 112:99, а Хјустон го победи Денвер 110:104.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП