17 мај, 2025
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 06.04.2017

Дневен хороскоп 06.04.2017

 

Овен (21.03 – 20.04)

Бидејќи наскоро ве очекува прослава, подгответе поголема сума пари. Со оптимизам гледате на некои случувања поради кои до вчера се нервиравте. Некој пријател ќе ви даде корисен совет.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Потполно сте подготвени за поголеми промени, ви се враќа оптимизмот и движечката енергија. Се околу вас ќе се заврти кон подобро. Обидете се да го прифатите здравиот начин на живот, јадете здраво и вежбајте.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ве мотивираат погрешни нешта, поради кои во иднина ќе имате проблем. Имате некој сомнеж кој не ве остава мирно да седите. За проблемите кои не можете сами да ги решите побарајте помош од партнерот.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Некои средства, пари или имот ќе пристигнат до вас. Можеби ќе се чудите како среќата ве посакала токму вас, но тоа е сосема нормално, бидејќи овој период е доста поволен од финансиски аспект. Во љубовта нештата се солидни.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Родените на средина на знакот можат да имаат корист од соработката со Близнаци, Водолија или Девица. Ќе добиете поволни вести, потребни ви се соработници кои се на вашето ниво.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Поголем дел од енергијата која ја поседувате ќе ви ја донесе работата. Можеби ќе влезете во некоја нова работа или нова работна средина. Бидете штедливи и не влегувајте во нелегални комбинации.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Контактите со странство ви се позитивни. Ќе се двоумите околу покажувањата на чувствата, минатите искуства ви ги нарушуваат сегашните прилики. Некој пријател ќе ве поттикне да правите посмели чекори во животот.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Од пријателите денес можете да очекувате сосема конкретна помош, што ќе ви олесни околу донесувањето на некои одлуки како и решавање на некои проблеми. Интензивно ќе се дружите со партнерот, но постои можност од мало разочарување.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ви престои решавање на проблемот кој подолго време ве мачел и ве блокирал. Во секој случај ќе имате среќа и успех, па и во финансиите. Некои од вас ќе имаат успех и во новата деловна соработка. Најубаво ќе се чуствувате во вашиот дом.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Објективните околности нема да ви дозволат работата да ја доведете до крај. Без грижи тоа ќе трае многу кратко така што ќе имате време се да поправите. Постои можност да заминете на некој службен пат.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Ве оптеретува некоја неизвесност во која се наоѓате не по ваша волја. Можно е да сте многу ангажирани за некоја работа која за некој месец ќе ви донесе поголеми приходи. Не се оптеретувајте со парите.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Имате намера да се сретнете со некој кој се занимава со приватен бизнис или често патува во странство. Добро се согласувате со лицата родени во знакот на Овен, Близнаци, Лав или Девица. Искористете ги добрите контакти за напредување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП