Гонзало Игуаин му пресди на својот поранешен тим Наполи и со два гола го однесе Јувентус во финалето на италијанскиот Куп.
Наполи, во полуфиналниот реванш, го победи Јувентус со 3:2, но „Старата дама“ ќе игра во финалето бидејќи во првиот натпревар забележа победа 3:1.
Јуве во финалето го однесе Игуаин, кој ги постигна двата гола. Најскапиот играч во историјата на италијанскиот фудбал головите ги постигна во 32-та и 59-та минута од натпреварот.
Аргентинецот на последните четири натпревари против својот поранешен клуб Наполи, има постигнато исто толку голови.
Головите за Наполи ги постигнаа Хамшик, Мертенс и Инсиње.
Јувентус за трофејот во Купот ќе игра против Лацио, а финалето ќе се одигра на 2.јуни на „Олимпико“ во Рим.