13 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарселона ја порази Севилја (видео)

Барселона ја порази Севилја (видео)

Фудбалерите на Барселона ја совладаа Севилја со 3:0, во дерби мечот, одигран во рамките на 30.коло во шпанската Примера.

Барселона си направи добра увертира пред првиот четвртфинален меч со Јувентус во Лигата на шампионите, со победата над Севилја. Натпреварот на „Ноу Камп“ го обелеѓа спектакуларниот гол на Луис Суарез во 25.минута. Уругвајскиот напаѓач по акцијата на Меси со ножички го совлада Серхио Рико.

Прашањето околу победникот Барселона го реши до 33.минута, кога два гола постигна Меси. Аргентинецот два пати погоди по асистенциите на Суарез.

Барселона со оваа победа го задржа чекорот со Реал, во борбата за титулата, додека Севилја само ја продлабочи кризата и веќе пет натпревари не знае за победа. Со овој пораз Севилја го загуби третото место на табелата од Атлетико Мадрид, а од петтопласираниот Виљареал има седум бодови повеќе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП