26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУЕФА нема да дозволи богатите клубови да формираат своја Суперлига

УЕФА нема да дозволи богатите клубови да формираат своја Суперлига

Претседателот на Европската фудбалска унија (УЕФА), Александар Чеферин го обвини најдобрите европски национални првенства дека ја уценуваат европската куќа на фудбалот. Чеферин нагласил дека никогаш нема да дозволи формирање на Европска Суперлига.

Здуржението на европските професионални фудбалски првенства (EPFL), која застапува првенства на 25 држави ги критикуваше плановите на УЕФА да им понуди повеќе места во Лигата на шампионите на клубовите кои доаѓаат од четирите најсилни национални првенства во Европа.

УЕФА донесе ваква одлука бидејќи најдобрите европски клубови се заканија со формирање на сопствена Суперлига, нешто слично на Евролигата во кошарка.

„На некои клубови ќе морам да им кажам дека лига од затворен тип нема да има. Таква лига нема да биде во согласност со нашите вредности и принципи. Ќе работиме заедно за да го вратиме балансот“, рекол Чеферин.

Говорејќи на Конгресот во Хелсинки, Чеферин рекол дека „никогаш нема да подлегне на уцените на оние кои мислат дека можат да манипулираат со помалите помалите првенства, или да ја наметнат својата волја, бидејќи мислат дека се моќни поради своите астрономски приходи“.

Договорот помеѓу EPFL и УЕФА, кој ги регулираше термините на натпреварите истече минатиот месец, а EPFLсоопшти дека нејзините членки сега слободно ќе можат да организираат натпревари во исто време кога на програмата се натпревари во Лигата на шампионите или Лига Европа.

Првиот човек на УЕФА рекол дека „парите нема да владеат“ и ветил „редизајнирање“ на фудбалот во наредните пет години. Тој дополнил дека УЕФА на секоја од 55-те членки ќе им даде по еден милион долари, како „уплата за солидарност“ од приходите на УЕФА.

УЕФА, вкупно во финансиската 2015/2016 (од 1.јули до 30.јуни) остварила приходи од 4,58 милијарди евра и профит од 102,1 милиони евра. Резервите на УЕФА пораснале од 531 на 633 милиони евра.

Здружението на европските клубови (ECA), чии претседател е Карл-Хајнц Румениге, побара поголеми приходи за најголемите европски клубови и гаранции дека најдобрите четири екипи од четирите национални првенства со најголем коефициент ќе имаат загарантирани места во фазата по групи во Лигата на шампионите.

Новиот формат на Лигата на шампионите ќе запоне од сезоната 2018/2019.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП