5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРасел Вестбрук испиша нова историја, 41 „трипл дабл” во сезона (видео)

Расел Вестбрук испиша нова историја, 41 „трипл дабл” во сезона (видео)

Расел Вестбрук, изминатата ноќ, успеа да го израмни рекорд во НБА лигата кој се сметаше за недопирлив. Неверојатниот Рас го забележа 41-от трипл-дабл во сезоната и го израмни рекордот на легендарниот Оскар Робертсон од сезоната 1961/1962.

Оклахома го победи Милвоки, убедливо 110:79, а победата на Тандер мина во знакот на Расел Вестбрук, кој за 22 минути успеа да забележи трипл-дабл (12 поени, 13 скокови и 13 асистенции).

Рас го израмни рекордот од 41 трипл-дабл учинок во една сезона на Оскар Робертсон и во исто време се израмни на вечната листа со уште една легенда, Вилт Чембрлен. Овие двајца со 78 трипл-даблови во кариерите го делат четвртото место на вечната листа, каде неприкосновен лидер е токму Оскар Робертсон (181).

„Ова е посебна ноќ која никогаш нема да ја заборавам. Она што е навистина посебно во целата приказна е што ова успеав да го направам тука, во Оклахома. Целата оваа сезона е вистински благослов за мене“, рекол Вестбрук, кој 13-ти пат сезонава забележа трипл-дабл за само три четвртини.

Инаку, во моментот кога ја запиша десеттата асистенција, со која стигна до седмиот трипл-дабл во низа и 41-ви во сезоната, целата арена во Оклахома започна да скандира „МВП, МВП; МВП“, а судиите му дозволија на официјалниот спикер да соопшти дека еден од најдобрите играчи на денешница влезе во историјата на кошарката.

Вестбрук до крајот на сезоната има можност да стане апсолутен рекордер, а исто така ќе се обиде да го собори рекордот на Вилт Чембрлен кој во сезоната 1967/1968 забележал трипл-дабл на девет последовни натпревари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП