18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМанчестер Јунајтед се извлече од пораз против Евертон

Манчестер Јунајтед се извлече од пораз против Евертон

Лестер, ВБА и Барнли победија во воведните натпревари од 31.коло во Премиерлигата, додека во дербито Манчестер Јунајтед се спаси од пораз против Евертон.

Манчестер Јунајтед е се подалеку од местата кои обезбедуваат пласман во Лигата на шампионите, откако трет пат на последните четири натпревари одигра нерешено.

Тимот на Жозе Мурињо се спаси од пораз во дуелот со Евертон, со гол од пенал во 93.минута.

Евертон поентираше преку капитенот Џагелка во 22.минута. Дефанзивецот одлично се снајде во петерецот и покрај Рохо успеа да го совлада Де Хеа.

Јунајтед во второто полувреме изврши силен притисок кон голот на Евертон, Ерера и Погба ја погодија пречката, а Ибрахимовиќ и Блинд не реалзиираа изгледни шанси.

Наградата за вложениот труд стигна во 93.минута кога Ибрахимовиќ реализираше пенал, на кој му претходеше намерно играње со рака од страна на Вилијамс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП