21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛиверпул без Мане до крајот на сезоната

Ливерпул без Мане до крајот на сезоната

Фудбалерот на Ливерпул, Садио Мане, поради повреда на коленото со која се здоби на градското дерби со Евертон, најверојатно ја заврши сезоната.

Сенегалецот Садио Мане, највлијателниот играч на Ливерпул, како што соопшти менаџерот Јирген Клоп, веројатно ја завршил сезоната. Мане го повреди коленото, во вториот дел од градското дерби со Евертон. Ливерпул тој дуел го доби 3:1, а Мане го постигна првиот гол.

„Не сум 100 отсто сигурен, не е јасно во каква состојба е неговото колено, ќе мора малку да почекаме. Сигурен сум дека нема да игра во среда, има оток на коленото, ја чекаме анализата на докторите“, рекол Клоп.

Ливерпул со Мане во тимот, оваа сезона победи на 17 од 26-те натпревари, додека на четири натпревари не бил во тимот и тие дуели Ливерпул ги загуби.

„Црвените“ на Клоп, по 30.кола во Премиерлигата, се наоѓаат на третото место со 59 бодови, десет помалку од лидерот Челзи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП