
Навивачите на Ливерпул беа воодушевени од менаџерот Брендон Роџерс во пресрет на дербито со Евертон. Роџерс изјави дека клубот ќе почне преговори со капитенот Стивен Џерард околу неговиот нов договор. Од договор на халфот остануваат уште 13 месеци, но и двете страни сакаат да ја продолжат соработката и понатаму. По одличните настапи и оваа сезона на Џерард, Роџерс нема сомнеж дека тој ќе продолжи и натаму да биде клучна фигура за тимот.

