18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПортланд си го загрози местото кое води во плејофот (видео)

Портланд си го загрози местото кое води во плејофот (видео)

Минесота го победи Портланд 110:109 во единствениот натпревар кој се одигра во НБА лигата, во текот на изминатата ноќ. Тимбервулфс ја прекинаа серијата од шест победи во која се наоѓаа кошаркарите на Портланд и внесоа дополнителна незивесност во борбата за осмата позиција на Западот.

Минесота славеше над Портланд 110:109, а решавачките поени на натпреварот ги постигна Карл-Ентони Таунс на 35 секунди до крајот на мечот, кога погоди за 110:106. Последниот напад го имаше Портланд, но Демијан Лилард не успеа да погоди тројка во последната секунда.

Минесота нема никакви шанси за пласман во плејофот, додека Портланд во последните натпревари ќе води голема борба со Денвер за пласман на осмата позиција во Западната конференција.

Портланд има скор од 38 победи и 39 порази, односно има две победи и натпревар повеќе од Денвер.

Крилните центри Таунс со 34 поени и 12 скокови, односно Вигинс со 29 поени ја предводеа Минесота, во чии редови расположен за игра беше и Шпанецот Рики Рубио кој оставри 11 поени, 16 асистенции и 7 скокови.

На спротивната страна најпрецизен беше Лилард со 25 поени, 4 скока и 6 асистенции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП