Овен (21.03 – 20.04)
Ќе доживеете некои непријатни нешта на работа кои ќе посакате никогаш повеќе да не се повторат. Денот ќе ви помине лошо, па така за љубов воопшто нема ни да помислите.
Бик (21.04 – 21.05)
Грижејки се за глупости само си го нарушувате здравјето. Не се замарајте кој и што кажал за вас, тоа воопшто не треба да ви значи. Во љубовта сте загрижени дека некои стари проблеми можат да се вратат.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Ќе имате прилично тежок ден во кој ќе ви биде тешко дури и кафе да си направите. Ќе бидете мрзеливи и постојано ќе смислувате нешто само за да скршнете од работа. Партнерот ќе ви соопшти убава вест.
Рак (22.06 – 22.07)
Ве очекуваат некои кочници на полето за работа. Можно е ваше унапредување или некоја друга промена. Ќе бидете многу страствени кон партнерот.
Лав (23.07 – 22.08)
Немојте да се занимавате со било какво прилагодување денес. Подобро е да се држите до вообичаените нешта. Не си измислувајте нови задачи и не си го комплицирајте животот. Досадата надминете ја со дружење со пријателите.
Девица (23.08 – 22.09)
Денес очекувајте некој денар плус на вашата сметка. Ќе се појави проблем кој без голем напор ќе го решите. Во љубовта ќе имате проблем со љубомората.
Вага (23.09 – 22.10)
Денот не е поволен за склопување на ново партнерство. Потребно ви е да се позанимавате со други нешта. Ќе ви делува дека вашиот партнер е претерано ладен.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Бројни деловни обврски кои ги имате ќе ве оптеретуваат. Ќе се чувствувате на некој начин како притиснати во ќош. Ќе имате впечаток дека сите освен вие се среќни. Тоа не е вистина. Не се самосожалувајте.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Немојте да ризикувате или да се коцкате со било што бидејќи би можеле да изгубите. Доколку сте калкулирале и сте играле двојна улога помеѓу двајца пријатели, ќе бидете откриени. Навредите кои ќе ги слушнете длабоко ќе ве повредат.
Јарец (22.12 – 20.01)
Доколку се занимавате со приватна работа, денес до вас ќе пристигнат некои поволни понуди. Можеби ќе морате да почитувате одредени процедури. Вашата емотивна ситуација не е најсјајна.
Водолија (21.01 – 19.02)
Доколку сте планирале деловно патување, можни се компликации и откажување. Работите ќе се одвиваат побавно отколку што планиравте. И во љубовта пред вас стојат одредени блокади.
Риби (20.02 – 20.03)
Поведете сметка за своите финансии. Можни се проблеми. Избегнувајте големи трошоци. Не се чувствувате сигурни пред својот партнер. Стабилноста во врската ви е раздрмана.