5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМавсар заминува од ЖРК Вардар

Мавсар заминува од ЖРК Вардар

Словенката Тамара Мавсар по завршувањето на сезоната ќе го напушти ЖРК Вардар, откако договори спогодбен раскин на договорот, објави клубот на својата интернет страница.

Мавсар, редовите на македонските шампионки ги засили на почетокот на оваа сезона, но во конкуренција на Камила Херем, не успеа да се избори за поголема минутажа на левата крилна позиција.

Репрезентативката на Словенија ќе се врати во Крим каде и ја започна својата кариера. Крим веќе објави дека договорил двегодишна соработка со Мавсар.

Мавсар е третата ракометарка која нема да биде во составот на Вардар наредната сезона. Покрај Словенката тимот ќе го напуштат Сања Дамјановиќ која се сели во Унгарија и Ања Алтхаус која ќе ја заврши кариерата.

Вардар за новата сезона веќе ги договори Марија Петровиќ и Драгана Цвијиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП