21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАБА лига: Араповиќ и Боутрајт нема да настапат во финалето

АБА лига: Араповиќ и Боутрајт нема да настапат во финалето

Цедевита со сериозни кадровски проблеми ќе влезе во борбата за трофејот, во регионалната АБА лига. Клубот објави дека сезоната е завршена за Марко Араповиќ, додека Рајан Боутрајт ќе паузира најмалку десет дена. Двајцата кошаркари се повредија во неделата на дуелот со белградски Партизан.

Цедевита го победи Партизан, во третиот полуфиналне натпревар 87:78, избори пласман во финалето, но остана без двајца важни кошаркари во ротацијата Рајан Боутрајт и Марко Араповиќ.

Американецот Боутрајт, кој сезонава е најдобар играч и стрелец на Цедевита, теренот го напушти по нецели две минути игра, додека Араповиќ се повреди во финишот на третата четвртина.

„Боутрајт има раптура на мускулот на десната надколеница. Најмалку десет дена нема да игра, а повеќе детали за повредата ќе добиеме во вторник по дополнителните прегледи. Од друга страна, Араповиќ, има раптура на пателарниот лигамент во левото колено. што преставува една од најтешките спортски повреди. Ги чекаме анализитие од прегледите и посебните оперативни додатоци и лекови од Германија по што тој ќе биде опериран. Неговата рехабилитација ќе трае најмалку шест месеци“, изјавил клупскиот доктор Томислав Церовечки за официјалната страна на АБА лигата.

Цедевита во финалето ќе игра против победникот од полуфиналната серија помеѓу Црвена звезда и Будуќност. Третиот натпревар од оваа серија ќе се одигра во вторник.

Финалето ќе се игра на три победи, а термините за натпреварите се 10, 11 и 13.април, а дополнителни термини се 14 и 16.април.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП