19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПолицијата го истражува последниот натпревар на Барселона Б (видео)

Полицијата го истражува последниот натпревар на Барселона Б (видео)

Резервниот тим на Барселона, Барселона Б, кој се натпреварува во Третата лига на Шпанија, изминатиот викенд забележа рекордна победа 12:0 против Елденес.

Победата иако рекордна предизвика сомнеж во јавноста, а најмногу кај претседателот на поразениот тим кој ангажирал истражители и побарал помош од полицијата за да откријат дали натпреварот бил наместен.

По завршувањето на натпреварот некои играчи на Елденес со солзи во очите го напуштиле теренот.

Елденес, кој и пред натпреварот со Барселона Б беше испаднат од Третата лига, реши да не ги одигра натпреварите кои му престoјат до крајот на сезоната, а исто така клубот кој е основан во 1921 година го раскинал и договорот со италијанските инвеститори, поради сомнежот дека натпреварот бил наместен.

Според претседателот невозможно е неговиот тим да прими 12 голови од Барселона Б, бидејќи вториот тим на Каталонците бил без тројцата најдобри играчи: Марко Кукерела, Жорди Мбоула и Карлес Алена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП